Ова беше битна недела за Џеф Безос, кој на кратко стана најбогат човек на светот, но со големи успеси може да се пофали и неговиот Amazon, а и Facebook. Имено, вредноста на овие компании во текот на неделата по прв пат надмина 500 милијарди долари. Со оглед на големиот потенцијал, во иднина можеме да очекуваме само раст на нивната вредност.
Во елитното друштво на компании вредни повеќе по половина трилион долари се наоѓаат уште три други компании. На прво место е Apple, чија вредност наскоро ќе надмине 800 милијарди долари, потоа Alphabet, кој вреди повеќе од 650 милијарди долари, и Microsoft со вредност поголема од 560 милијарди долари.
Цената на акциите на Amazon и Facebook годинава порасна за повеќе од 40%, што се одрази и на богатството на нивните основачи. Неделава многу се зборуваше за Безос, кој на момент стана најбогатиот човек во светот, а се предвидува дека во иднина таа титула ќе му припадне токму на сопственикот на Facebook, Марк Цукерберг.
До крајот на годинава пазарната вредност на компаниите може да надмине 600 милијарди долари, а Apple до крајот на оваа или на почетокот на идната година веројатно ќе ја пробие магичната граница од трилион долари.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли