Гари Каспаров: Вештачката интелигенција не е закана за човештвото

Поранешниот светски шампион во шах Гари Каспаров изјави дека луѓето треба да ги прифатат промените што ги носат паметните машини во општеството и рече дека не верува дека вештачката интелигенција ќе биде голема закана за човештвото.

Според него, ќе има огромни општествени промени кога машините ќе ги заменат човечките „несигурни раце“ и додаде дека тоа треба да се случи побрзо, објави британски BBC.

Појавата на сѐ поинтелигентни машини досега не предизвика ништење на човечкиот род и историјата покажува дека скоро секоја нова технологија или иновација е сила за „креативно уништување“, вели тој.

Каспаров додава дека допрва почнуваме да добиваме вистинска вештачка интелигенција што сама носи одлуки и како пример го наведе компјутерот AlphaGo на Google што неодамна го победи светскиот шампион во играта Go.

За разлика од AlphaGo, Deep Blue на IBM, суперкомпјутерот што го победи Каспаров во 1996 и 1997 година во шах, беше само брз компјутер што користеше „сирова сила“ за да победи.

„Deep Blue имаше интелигенција на будилник, иако тоа воопшто не го олесни поразот“, рече поранешниот шаховски шампион.

Каспаров заклучува дека со развојот на технологијата луѓето и понатаму ќе го прават „она што само луѓето можат да го прават, а тоа е да сонуваат, и тоа да сонуваат големи работи за да може максимално да ги искористат новите можности.“

Извор: radiosarajevo.ba