HuskeeCup не е типична шолја за кафе. Оваа алтернатива за керамичките шолји може да се користи повеќе пати, може да се рециклира и е целосно направена од отпадоци од кафе, односно од нуспроизводи во текот на мелењето на кафето. Од HuskeeTech, австралиската компанија која стои зад иновативната шолја, на глобално ниво годишно се добиваат дури 1,35 милиони тони таков отпад од кафе.
HuskeeTech стартуваше кампања на Kickstarter, со којашто собраа околу 91.000 долари за првичното производство. Саксон Рајт, соосновач на компанијата, од прва рака знае за проблемот со отпадот од кафе затоа што е сопственик на удел во компанијата за кафе Pablo & Rusty’s Coffee Roasters.
„Околу нас има планини од органски материјал со кој не можеме да се справиме на одржлив начин. Ние се запрашаве токму тоа: како да се справиме со органскиот отпад од кафето?“ напишаа на кампањата на Kickstarter.
По консултација со индустриски инженери и дизајнери тие сфатиле дека тој отпад има повеќе поволни карактеристики како што е способноста за задржување на топлината. По повеќе прототипи тие ја добија HuskeeCup.
Шолјата е дизајнирана да трае неколку години. Може да се купи во неколку величини и има елегантен дизајн, една тацна за сите величини и универзален капак. Може и да се мие во машина за садови.
Но, од HuskeeTech нема да застанат тука. Рајт има други планови. На пример, сакаат да користат микроби кои го заловуваат јаглерод диоксидот за да ги произведуваат полимерите кои го врзуваат отпадниот материјал.
„Со прооизводството на HuskeeCup ние рециклираме стотици тони отпаден материјал од производството на кафе. Нашиот сон е да понудиме одржлив производ на кафетериите и на приватните корисници, а истовремено да не креираме дополниетелен отпад. HuskeeCup е првиот чекор во таа насока” велат од HuskeeTech.