Благодарение на холивудските специјални ефекти, можно е да се создаде свет на супер херои и многу многу далечни галаксии. Меѓутоа, таа иста технологија постепено стигнува во училниците и го претвора научното образование во визуелно патување, кое учениците може да ги однесе секаде, од внатрешност на келија до нај оддалечените делови на нашиот сончев систем.
Благодарение на виртуелните очила, учениците Марџај Флауерс и Шелби Бјукенан можат да посетат природен резерват.
– Мислам дека најомилено видео ми е тоа во кое девојче и дете разговараат за змии и желки, бидејќи не гледам често змии, а тука се влегува во вода и ја разгледувате околината. Беше многу добро, се чувствував како да сум таму и дека ги слушам како разговараат, вели Флауерс.
Овој систем за виртуелна реалност се нарекува „Виктори”. Извршниот директор на фирмата која го прави, Стив Грабс смета дека додавањето на виртуелни очила на учењето на научните дисциплини, помага на учениците во учењето: Тој за Гласот на Америка зборуваше преку Скајп.
– Американските ученици не успеваат да ги задоволат стандардите во научните предмети, така ние веруваме дека виртуелната реалност е добар начин за образование на учениците. За да ги вклучиме целосно во тоа и наместо да се први во редот за ручек, или фискултурната сала, големиот одмор, учениците сакаат да учат откако ќе ги стават виртуелните очика и учат во виртуелна реалност, вели тој.
Грабс подвлекува дека учениците кои користат виртуелни очила подобро го памтат тоа што го научиле. – Кога децата се посветени и полни со ентузијазам за учење, логично е дека ќе запамтат повеќе информации и подобро. Тоа целосно има смисло и за нив и за нас, нагласува Грабс.
– Учениците сега можат да изберат различни епрувети и да ги помешаат соединенијата, за да ги видат резултатите. Ако дојде до експлозија, тоа ќе се случи само во виртуелниот свет и никој нема да биде повреден, додава тој.
Децата тоа изгледа го обожуваат
– Воодушевена сум од училниците со цртачи. Можете да одите од соба до соба, а не постојано да се во иста соба и да следите само една работа, вели Шелби.
Системот за виртуелна реалност „Виктори” веќе се користи во училници во делови на Азија, Канада и на Карибите, а од следниот месец треба да се појави и во некои американски училишта.
Поврзани артикли