Денеска почнуваат прите испораки на најновиот Tesla Model 3, а првиот модел ќе замине во гаражата на основачот на компанијата, Елон Маск кој ќе го добие како подарок за 46. роденден. Поголем дел од првите сопственици на Model 3, исто така, ќе бидат вработени во Tesla и SpaceX.
Аналитичарите сметаат дека ова е историски ден за пазарот на електрични автомобили.
„Овој автомобил ни беше ветен уште на почетокот на развојот на оваа индустрија“, изјавил Тери О’Деј од
компанијата EVgo, кој додава дека станува збор за ценовно пристапен автомобил наменет за масовна
потрошувачка, кој не бара никакви компромиси од клиентите.
Почетната цена на Tesla Model 3 изнесува 35 илјади долари, додека за моделот со сите опции и дополнителна опрема ќе
треба да се плати повеќе. Благодарение на субвенциите за електрични автомобили во Калифорнија, Model 3 таму ќе може да се
купи за 25 илјади долари
Поврзани артикли