Најмоќниот вид на космичка експлозија познат на науката е наречен распрснување на гама зраци – галактички настани кои имаат огромен интензитет, кој се споредува со „Биг Бенг“.
Интернационален тим на астрономи ги набљудувале овие појави, па биле сведоци на гигантска ѕвезда во својата деструктивна фаза, како никогаш до сега. Експлозијата на гама зраците е дури 50 пати поголема од големината на нашето сонце. За само неколку секунди процесот може да емитува енергија како што Сонцето би емитирало за време на целото свое постоење. Се верува дека ваквите настани се случуваат постојано, но за среќа во галаксии кои се милијарди светлосни години оддалечени од Земјата.
Астрономите го набљудувале ваквиот настан на 25 јуни 2016 година и сметаат дека експлозиите се случуваат кога ѕвезда која умира се претвора во црна дупка. Откриено е исто така, дека најсветлата фаза од експлозијата е поттикната од радијација, која се случува кога електроните се забрзани во искривено или спирално движење.
Со забележаното, научниците ќе можат да откријат повеќе детали за гама зраците, а можеби ќе успеат да забележат уште некоја ваква експлозија.