Се појави нов сет на нацрти за Google Pixel 2 и Pixel 2 XL смартфонот, заедно со видео клип, што ни даваат подобар увид во претстојните телефони. Приказите се базирани на фабрички, компјутерски додадени фотографии, како и гласините за димензиите на уредот што ги објави @OnLeaks.
Димензиите на телефонот би требало да изнесуваат 145,3 x 69,3 x 7,8mm за Pixel 2 и 157,6 x 76,3 x 7,9mm за Pixel 2 XL.
Новите протечени информации се поклопуваат со претходните детали и видео клипот што сугерира дека предвидувањата за карактеристиките на телефонот би можеле да се остварат. Повеќе фотографии се достапни на следниот линк.
Доколку Google се одлучи новите Pixel 2 и Pixel 2 XL телефони да ги претстави во периодот кога беа претставени и нивните претходници, тогаш може да се очекува октомвриска објава на телефонот.
Поврзани артикли