Компанијата „Касперски лаб”, чие седиште се наоѓа во Москва, на светот му ја понуди својата бесплатна верзија на антивурусната програма.
Новиот производ е лансиран во време кога компанијата се соочува со обвиненија од САД дека нејзиниот софтвер е под контрола на руските власти и разузначки служби.
– „Касперски фри” моментно е достапен во САД, Канада и неколку земји од азиско-пацифичкиот регион, а наредниве месеци и во многу други делови на планетата, напиша на својот блог основачот на компанијата, Еуген Касперски.
Сепак, тој додаде и дека се работи за поедноставна верзија, која ги содржи само „основните работи“ и дека тоа нема да биде замена за верзијата која се плаќа.
Новата програма се однесува само на заштита на и-мејлот, автоматски апгрејд на софтверот и основна заштита од вирусот.