2) Avast Wi-Fi Finder (Android, iOS)
Со Avast веројатно веќе сте се сртенале бидејќи името е познато во доменот на антивирусната заштита. Но, тоа не е единствено со што се занимаваат: имаат и алатка за пронаоѓање WiFi.
Апликацијата користи GPS вграден во паметниот телефон за да ја одреди вашата локација и да ви ги прикаже најблиските пристапни тоќки. За секоја од нив ќе ви каже дали врската е отворена или заклучена.
Постои и можност за проширување на досегот на пребарувањето, како и пребарувањето според локација. Во пакетот ќе ги добиете и функциите за проверка на сигурноста на пристапните точки за WiFi кои ќе ги назначат можните проблеми врзани со сигурноста и приватноста на вашите податоци и алатките за мерење на брзината на WiFi мрежата.
3) OpenSignal/WiFiMapper (Android, iOS)
Оваа апликација се фали со каталог од половина милијарда пристапни точки за WiFi низ светот кои ги прикажува на мапа за полесно да ги пронајдете. Опремена е со пребарувач, а резултатите на пребарувањето можете да ги сортирате по вид, брзина, квалитет на врска и слично на тоа.
Исто така, нуди неколку згодни функции. Да кажеме, интегрирана е со социјалната мрежа Foursquare , па нејзините податоци ги користи за да ве упати до блиските кафулиња, ресторани, културни институции и други интересни локации.
4) WiFi Hotspot Scanner (Windows)
Досега се занимававме со апликации за паметни телефони. Еве една за компјутери. Оперативниот систем Windows има вграден скенер за WiFi, но WiFi Hotpot Scanner доаѓа со повеќе функции.
Па така, ќе ви го покаже не само името на мрежата, туку и нејзините моментални сигурносни поставки, информации за каналот, MAC адресата и другите корисни податоци кои можете да ги подготвите како текстуален, HTML, XML илк CSV фајл. Апликацијата е преносна, па можете да ја сместите на USB стик и да ја активирате по потреба.
5) Wi-Fi Space (web)
Оваа апликација е згодна како резерва за случај да не ви се достаони други опции, но и за планирање на патување. Во неа ќе најдете повеќе од 20 милиони локации на пристапни точки, воглавно во Северна Америка и Европа, кои можете да ги пребарувате користејќи пребарувач или мапа.
Точките се означени со боја: црвените се врски заштитени со лозинка, а зелените се отворени.