Да се има некој вид заштита на телефонот од неовластен пристап е секако добра навика. Потрошете неколку секунди од своето време на отклучување на екранот за да ги спречите евентуалните последици доколку го загубите телефонот.
Кога користите заштита на екранот, ако го загубите смартфонот, крадецот не може да и пристапи на содржината на уредот и на тој начин колку-толку сте ги сочувале информациите.
Доколку го заклучувате екранот на телефонот за да го спречите неовластениот пристап со PIN, лозинка или комбинација, постои можност да ги заборавите, мо не грижете се, постои решение за тоа.
Еве како да го решите проблемот на заборавен PIN, лозинка или комбинација.
За Android 5.0 и понов
1. Посетете го линкот http://google.com/android/devicemanager
2. Пријавете се со Google налог на кој сте пријавени на телефонот што е заклучен
3. Ќе ја видите листата на свои уреди меѓу кои е и заклучениот
4. Изберете го и ќе ги видите опциите “Ring“, “Lock” i “Erase”. Кликнете на “Lock” опцијата и внесете ја новата лозинка по желба.
5. Сочувајте ги промените со клик на “Lock”
6. Тоа е тоа, сега вашиот телефон има нова лозинка со која можете да го отклучите.
За Android 4.4 и постар
Тука процесот е уште поедноставен. Знаете дека кога неколку пати ќе пробате да внесете погрешна лозинка, PIN или комбинација, Android на 30-тина секунди ќе ви го оневозможи повторниот внес.
1 – Намерно погрешете го внесот за Android да ви овозможи нов внес и чекајте 30-тина секунди.
2 – Повторете го овој процес пет пати
3 – После тоа, ќе ги добиете опциите “Forgot pattern“, “Forgot PIN” ili “Forgot password“, зависно од тоа кој метод на заштите го користите
4 – Сега ќе добиете можност да го потврдите идентитетот така што ќе се пријавите на својот Google налог.
5 – По најавувањето, екранот ќе биде отклучен во поголем дел од случаите, ако не е, пробајте го и следниот чекор.
6 – Google можеби ќе бара дополнителна потврда дека сте тоа вие, така што ќе ви испрати активациски мејл (кој го користите на тој заклучен телефон)
7 – Пристапете и на таа мејл адреса од некој друг уред и продолжете со активацијата која ви ја испратил Google.
Поврзани артикли