Кинеската влада предвидува до 2030 година земјата да има водечки позиции во областа на вештачката интелигенција.
Се очекува кон овој момент капитализација на кинескиот дел да надмине 147,9 милијарди долари.
Според публикацијата во “Чајна дејли” од петок “Кина е подготвена да постигне откритија во технологијата на вештачката интелигенција и да се забрза распоредувањето во областа на производството на услуги, во земјоделството и во други насоки”.
Весникот ги цитира плановите на Државниот совет на Кина. Како што претпоставува експертот од Кинескиот центар за развој на информатичка индустрија Сајан Ен, планот ќе има сериозно влијание врз секторот.
При тоа експертите од PricewaterhouseCoopers прогнозираат дека до 2020 година уделот на секторите со учество на вештачката интелигенција ќе биде 26% во бруто домашниот производ (БДП) на земјата. Претходно министерот го предвиде како една од главните задачи во програмата за техничка обнова кон 2030 година создавањето на вештачката интелигенција.