Компјутерот го развија експерти од компанијата Tring од Грачаница
Компанијата Tring од градот Грачаница го пласираше на пазарот првиот компјутер произведен во Босна и Херцеговина. Компјутер веќе наоѓа широка примена, а до крајот на годината првата серија би можела да тргне во извоз.
Компјутерот наречен Craidd е плод на работата на босански експерти и важен технолошки исчекор на земјата. Името го добил по велшкиот збор craidd што значи јадро или темел.
Компанијата Tring работи веќе петнаесет години и е водечки босански производител на фискални каси. Има 35 вработени од кои половина се со високо образование. Нивната идеја била да се произведе целосно сопствен компјутер кој ќе се вградува во готови уреди наместо да се увезува. Производот целосно се произведува во Босна и Херцеговина.
„Станува збор за стандарден компјутер со еден гигабајт RAM меморија, со dual core процесор, со меморија од четири гигабајти која може да се зголеми, како и со отвор за мемориска картичка. Истиот има доста широка примена.“, изјавува Елмир Дедиќ, директор на производство во компанијата.
Уредот бил внимателно тестиран, а истиот веќе сериски се вградува во фискални каси, како и во плазма телевизори со кој се претвораат во паметни телевизори. Компанијата има стретегија за извоз, а ќе започнат во државите од регионот.
ИЗВОР: Poslovni.hr