Заборавете на енергетските пијалоци и бројните шолји кафе, Steer ќе ве штрецне ако почне да ви паѓа главата.
Ова благо „штрецкање“ е всушност пецкање со струја. Steer има 16 сензори кои постојано го мерат пулсот на возачот и оптегнатоста на неговата кожа.
Овој концепт не прави ништо друго освен пред да почне да ви се спие. Steer ги споредува новите податоци со контролните, вибрира и светнува како предупредување, но доколку пулсот и понатака опаѓа направата ќе ве пецне со нискофреквентна струја за да ве разбуди.
Компанијата тврди дека краткиот електричен шок ги зголемува серотонинот, кортизолот и други хормони во телото, а тие, пак, ве држат на штрек да не направите некоја глупост по пат. Steer ќе чини околу стотина долари, а штом ве пецне не ќе биде лошо некој да ве одмени во возењето за здраво да се одморите.
Поврзани артикли