Универзитетот Рајс во Тексас е на чекор поблиску до емитување информации директно во човечкиот мозок со нивниот рамен и тенок микроскоп FlatScope, кој на луѓето би можел да им го врати изгубениот вид.
FlatScope би се вградувал во мозокот и би ги следел движењата на невроните. Тој не само што ќе прима повеќе детали во однос на постојните мозочни сонди, туку ќе помогне и за да се разбере начинот на кој мозокот го обработува сензорскиот инпут. Тоа ја отвора вратата за контрола на сензорскиот инпут.
FlatScope е дел од иницијативата на DARPA чија цел е да се направи неурален интерфејс со висока резолуција. Ако технологиите како споменатиот микроскоп водат до побрза интерпретација на активноста на невроните, тогаш би требало да е возможно да се направат сензори кои испраќаат аудиовизуелни податоци во мозокот и ефикасно ја преземаат функцијата на сетилото кое недостасува.
Секако дека за секој напредок од овие размери е потребно да помине време. FlatScope уште е прототип, но сепак им дава надеж не само на слепите туку и на глувите луѓе.
Поврзани артикли