Елон Маск штотуку објави дека ќе гради тунели за својот супербрз воз Hyperloop од Њујорк до Вашингтон. Тој на Twitter напиша дека добил усна потврда да го гради својот подземен Hyperloop, со барем десетина подземни влезови и излези во секој град, Кога ќе биде готов, патниците ќе можат да патуваат од центар до центар за помалку од 30 минути.
Маск додаде дека уште има време додека официјално се одобри проектот, но оптимист е дека ќе биде многу набрзо. Проектот ќе го работи неговата компанија The Boring Company додека паралелно работи на Hyperloop во Лос Анџелес.
Сега патувањето од Њујорк до Вашингтон трае четири часа со автомобил или три часа со воз. Hyperloop драстично ќе го скрати времето, иако уште не е познато конкретно како ќе го направи тоа.