Британската компанија која ги произведува карактеристичните лондонски такси возила главно во црна боја, ја извести јавноста дека го сменила името, логото и деловната политика. Имено, LEVC, односно London EV Company, кое сега е новото име за London Taxi Company, објави дека се насочува исклучиво на производството на електрични возила. Во овој проект досега се вложени 325 милиони фунти, а крајната цел на компанијата е да стане лидер во светот по производство на возила за индивидуален јавен градски транспорт.
Првите возила се очекува да бидат испорачани до 1 август годинава, и се очекува истите да остварат заштеда од околу 100 фунти неделно споредено со дизел возилата од истата компанија чие производство се прекинува. Новите возила TX ќе имаат всушност хибриден погон eCity, кој се состои од напреден електромотор со батериско напојување и мал бензински комплемент. На тој начин возилата ќе имаат автономија од дури 640 километри. Освен во Лондон, нарачките за возилата се добиваат од целиот свет. На пример, холандската компаниај RMC веќе нарачала 225 вакви возила чија испорака е закажана за 2018 година.
Поврзани артикли