Паметните телефони со време ќе исчезнат. Apple, Google, Microsoft и Facebook се тркаат за да бидат први кои ќе го докрајчат.
Можеби не сте свесни за тоа, но сведоци на многу рани фази на битката која ќе одлучи кој ќе доминира со следната фаза на развојот на компјутерите.
Apple и Google моментно доминираат со пазарот на паметни телефони. Но, тоа не значи дека таа позиција ќе ја задржат кога во арената ќе се појават целосно нови платформи. Како, да кажеме, оние за проширена и виртуелна реалност.
Amazon, Microsoft и Facebook мораа од клупа да го гледаат подемот и ширењето на паметните телефони. За очекување е дека нема да седат со скрстени раце и да ги пропуштат шансите што ги нудат новите технологии.
Значи, скоро сигурно ќе пробаат да го докрајчат дуополот помеѓу Apple и Google.
Технологијата ќе донесе промена
Секоја голема технолошка промена донесува големи шанси за неколку компании што тоа ќе го забележат навреме. Во 70-те години од минатиот век Apple и Microsoft почнаа да ги градат денешните царства кладејќи се на ширењето на персоналните компјутери. Apple денес е побогата компанија од IBM, кој до седумдесеттите години беше неопирлив крал на mainframe компјутерите.
Во Microsoft се најдоа во позиција слична на IBM откако сосема не го разбраа полниот потенцијал на паметните телефони. Се сетија на прогрес дури откако Apple и Google веќе загосподарија со овој пазар.
Технологиите на проширената и виртуелан реалност би можеле да го донесат следниот голем пресврт и да го убијат смартфонот. Зошто би носеле паметен телефон во џеб кога Netflix, WhatsApp интернет пребарувачите и стотици други сервиси можат да лебдат пред вашите очи, низ паметните очила како Glass моделот на Google.
Некои ќе речат, мода што поминува. Можеби оваа оценка би била точна кога трката во вооружување со цел за доминантна платформа за проширена реалност веќе не би била во тек.
Губитниците ќе завршат на маргините
Alexа на Amazon примарно се смета за дигитално гласовно управувана лична помошничка, но таа веќе задира во доменот на проширената реалност. Во Microsoft развија сопствени холограмски очила HoloLens, а во Facebook и Snapchat ги вградуваат директно во камерите.
Кој и да излезе како победник, се чини извесно дека новата платформа ќе му го направи на смартфонот она што персоналниот компјутер им го направи на mainframe компјутерите: ќе го стави на маргините.
Во Apple и Google и тоа како се свесни за тоа. Поради тоа, компанијата од Купертино го развива ARkit, системот за вградување на проширената реалност во апликациите за iPhone, кои ќе ја користат камерата на мобилниот. Ако и кога одлучат да претстават паметни очила, ќе имаат темел за апликациите и уредот што ќе може да ги поддржува.
Во Google, на развојот на платформата за проширена реалност работат во склоп на неколку проекти, меѓу кои е и Tango. На светот веќе му понудија паметни очила, но сепак безуспешно. Што не значи дека се откажаа.