На лето сите се сончаат затоа што е најтопло. Кој би се сончал наесен или напролет кога температурата е за најмалку 10 степени пониска? Ако имате костим за сончање TanRound, нема да ви биде битно кое годишно време е.
Стефан Перез е еден од соосновачите на компанијата креатор на TanRound. „Кога се доселив во Њујорк пред неколку години имав недостиг од витамин Д. Не знаев што ќе правам во текот на зимата и се чувствував ужасно“ вели Перез.
Тоа е една од причините зошто барал решение за искористување на сончевите зраци преку цела година. За среќа, по неколку години истражување во компанијата SolTech+ дошле до патент за TanRound – полупровиден костум кој ја пропушта сончевата топлина и добрите УВ зраци, а притоа и ве грее благодарение на посебно дизајнираните влакна.
Костимот го има во две варијанти: дводелен и комбинезон. Но, треба да внимавате кога го носите затоа што може доста да поцрнете. Можете да избирате меѓу машки и женски модел, односно кристално чиста и жолто-златна боја.
Микровлакната во костумот ја чуваат вашата телесна температура. Доколку излезете надвор на температура од само 5 степени Целзиусови ќе се чувствувате како даносите топол капут. Резултатите од костимот се видливи за само неколку часа. За разлика од спрејовите за потемнување, солариумот и слично, TanRound директно ја црпи сончевата светлина така што вашата боја нема да биде вештачка.
ИЗВОР: tportal.hr