Индија го пушти во употреба возот кој дел од својата моќ ја добива од соларните панели прикачени на покривот. Проектот ги покажува амбициите за зелена енергија во земјата и претставува пример за иновативните начини на кои можеме да ги намалиме емисиите во јавниот транспорт.
Панелите ќе произведуваат енергија потребна за системот за ладење, светлата и електронските дисплеј системи во патничките вагони. Возот дебитираше во Њу Делхи, кој е еден од најзагадените градови во светот, на 14 јули, а компанијата планира да ги модернизира соларни панели на уште 24 возови во блиска иднина.
Индиските железници проценуваат дека приклучувањето на шест соларни панели на еден вагон може да заштеди 21.000 литри дизел секоја година. Така овој воз нема да биде само еколошки корисен, туку и економски ефикасен. Индиските железници трошат значителен износ на пари за дизел секоја година, а трошоците за напојување на железницата достигнале 16,395 крори (2,5 милијарди долари) во 2015 година. Со користењето на соларната технологија, компанијата верува дека може да заштеди Rs41,000 crore ($ 6,31 милијарди) во текот на следните 10 години.
Индија се надева дека ќе произведува 60 проценти од својата енергија од не-фосилни горива до 2027 година и за таа цел, нацијата започна серија проекти за намалување на емисиите на јаглерод. „Индија јаглен“, кој произведува 82 проценти од јагленот во земјата, затвориле 37 рудници. Владата објавила план да користи само електрични автомобили до 2030 година и соларната централа во Тамил Наду го собори рекордот за најголемата соларна фарма во светот.
Возовите се исто така еден пример за многу генијални методи што инженерите и научниците ги користат за намалување на емисиите во транспортниот сектор, кои претставуваат 14 проценти од светските емисии. Само во 2017 година видовме авион со нула-емисии способен да лета 965 километри со едно полнење, тротоар во Лондон кој произведува енергија од стапките и брод што е способен за енергетска самостојност, така што неговата моќ ја обезбедува од сончевата енергија, ветерот и водородот извлечен од морска вода.
Комбинација на поединечни иновации, како што се возовите кои користат соларна енергија и националните промени во енергетската политика ќе се покажат непроценливи во борбата против глобалното затоплување. Иако поединечните иницијативни изгледаат како капка во океанот, кога ќе се комбинираат тие можат да направат големи промени во светот.
Поврзани артикли