CSAIL – Лабораторијата за компјутерска наука и вештачка интелигенција при MIT разви технологија која овозможува гледање на 3D филмови дома без специјалните очила како и без некои од недостатоци кои ги имаат постоечките 3D опции без очила.
Новата метода исто така не побарува никаков нов специјален изворен материјал, туку ги конвертира постоечките 3D филмови од нивниот стерео формат, во друг кој е компатибилен со таканаречените автомултископски дисплеи, технологија која сè побрзо се подобрува во однос на резолуцијата и може да има значителен потенцијал во за употреба во домашните кина.
Конвертирањето се постигнува со помош на алгоритамот Home3D, кој функционира во реално време на графички процесор (GPU) како тој во PlayStation 4 или Xbox One, избегнувајќи ги претходните проблеми со автомултископските дисплеи и компатибилноста. Овој алгоритам би можел да биде вградуван и на чиповите во Blu-ray плеерите, телевизорите, или уредите за медиа стриминг како Google Chromecast.
Уште една позитивна страна на Home3D технологијата е што гледачите самите ќе можат да го адаптираат ефектот на длабочина, а доколку на Џејмс Камерон навистина му успее наредните продолженија на Avatar да ги изработи со технологија која нема да побарува очила, тоа може да биде вистински притисок кој значително ќе ја зголеми употребата на 3D технологијата во иднината и ваквиот приказ ќе го овозможи на сите.
Поврзани артикли