AlphaBay во последните години беше „засолниште на криминалците“ на Dark Web, но сега и нему му дојде крајот.
Dark Web или Deep Web е темната страна на вебот, на која криминалците успеваат да продадат се што може да се продаде. Иако досега се сметаше дека овој дел на вебот „скриен од очите на јавноста“ е во целост неопасен, најновите судски пресуди покажаа нешто сосема друго.
Имено, неодамна основачот на злогласниот веб Silk Road доби доживотна затворска казна. Silk Road беше затворен, но набрзо се појавија нови слични сајтови, кои го планираат својот успех благодарение на неговата пропаст. Но, сали навистина ќе доживеат успех или основачите ќе завршат зад решетки?
Полицијата се повеќе од своите сили ги вложува во разоткривање на онлајн криминалот, бидејќи истиот во последните децении е во пораст. Најновата акција повторно допре една голема страница на Dark Web – Alpha Bay. Се работи за најпознатиот огласник на Dark Web, а кој од неодамна исто така е затворен и тешко дека некогаш повеќе ќе делува.
Според медиумските напиис, приведено е лице кое беше основач на главен реализатор на идејата за Alpha Bay. Александре Казес е уапсен на Тајланд во соработка со полицијата од повеќе земји – САД, Канада, Тајланд. Но, иако Александре заврши зад решетки својата правда нема да ја бара на суд, бидејќи е пронајден мртов во затворската ќелија. Според наводите на полицијата, дотичниот извршил самоубиство, за што постојат сомнежи од јавноста.
Интересно е дека екипата која стоеше зад познатиот Dark Web огласник заработуваше одлично. Дневната заработка на Alpha Bay беше помеѓу 600 и 800 илјади американски долари. Додека Александре Казес беше уапсен, се сомнева дека остатокот од екипата ги собрала заработените пари и исчезнале без трага. Можат ли да се спасат или раката на правдата ќе ги задеси и нив?
Поврзани артикли