Младиот јужнокорејски дизајнер Џебјун Јан смисли навистина интересен концепт кој ќе им овозможи на луѓето под вода да останат колку што сакаат, без ограничувањето кое го имаат боците со кислород кои денешните нуркачи мора да ги носат со себе.
Неговиот систем се вика Triton и се базира на технолошки решенија кои веќе се тестираат во научни лаборатории, а концептот би требало да ги поттикне научниците сериозно да се зафатат со развој на технологија која би ни овозможила еден ден да се вратиме да живееме во водата како пред повеќе милиони години.
Triton е замислен како респиратор за дишење кој функционира така што водата се вшмукува во вештачки жабри, кои ја филтрираат преку порозен материјал со дупчиња доволно големи да го пропуштат кислородот, но не и молекулите на водата. Кислородот потоа со микропроцесор се става во малиот резервоар од каде што го вдишува нуркачот.
Системот работи на микробатерија која е 30 пати помала во споредба со постојните, а може да се полни 1.000 пати побрзо. Со други зборови, престојот под вода ќе биде ограничен само со траењето на батеријата потребна за да работи микропроцесорот.
Јан вели дека различните делови за системот веќе се изработуваат од различни корејски организации, компании и универзитети, па верува дека неговиот уред ќе ги поттикне да соработуваат и да направат нешто што целосно ќе го смени нуркањето.
ИЗВОР: Vidi.hr