Технологијата од Star Trek сè уште е далеку од возможна, но успешен тест на квантно заплеткување од Земјата до вселената, ја зголемува надежта за конструирање на квантен интернет кој ќе биде невозможно да се хакира.
Кинески научници успешно телепортираа фотони од Земјата до сателит кој орбитира на 300 милји оддалеченост, во демонстрација која личи на научна фантастика.
Со тоа се постави нов рекорд за квантна телепортација, чуден феномен во кој сите состојки на една партикула инстантно се пренесуваат на друга, односно се телепортираат на далечна локација.
Научниците велат дека ова е значаен чекор кон целта на создавање на квантен интернет кој не би можел да се хакира.
„Телепортацијата на вселенско ниво може да се реализира и се очекува од одигра клучна улога во идниот дистрибуиран квантен интернет“, авторите водени од професорот Чао Јанг Лу од Универзитетот на наука и технологија на Кина, пишуваат во истражувањето.
Иако во филмовите може да се види телепортација на живи суштества, засега нема изгледи за луѓето да бидат способни да се материјализираат инстантно на далечни локации. Ефектот на телепортација е ограничен на предмети од квантен размер, како фундаменталните партикули.
Во експериментот биле пренесени фотони ид станица во Нгари, Тибет, до сателитот Мициус на Кина, кој е во орбита на 300 милји од Земјата.
Поголем број на вселенски истражувачи, меѓу кои и Европската вселенска агенција и канадските научници, имаат слични сателити кои се способни за квантна телепортација во развој, но последните резултати покажуваат дека Кина го води патот во ова поле.