Facebook е веќе преплавен со реклами, така што не чуди информацијата дека апликацијата на компанијата, Facebook Messenger би можела да добие реклами.
Банерите на сервисот ќе се прикажуваат во рамките на почетниот екран на Messenger, каде што моментно е можно да се видат најскорите разговори. Изгледот на рекламите ќе биде интегриран во дизајнот на апликацијата, така што нема премногу да се истакнува. Сепак, количината на вертикалниот простор кој ќе го заземаат рекламите дефинитивно нема да остане незабележана.
Facebook истакнува дека корисниците на Messenger ширум светот би можеле да почнат да ги гледаат рекламите во следните неколку недели. Меѓутоа, целосното донесување на рекламите на сервисот до сите корисници би можело да трае до крајот на годината.
Се очекува дека поголем дел од рекламите во Messenger ќе водат до екстерни дестинации, како што се сајтовите на фирмите, откако ќе се кликне на рекламата.
Поврзани артикли