Шамингер Синг уметник аматер, успеа да направи импресивна и несекојдневна макета. Тој со својот талент особено ги воодушеви љубителите на тенисот. Синг, мотивиран од најпрестижниот тениски турнир во светот, Вимблдон, успеа да направи неверојатна макета од чепкалки за заби.
Уметникот го започнал проектот пред неполна година, и за макетата која е со широчина од еден метар и височина од 50 сантиметри, му биле потребни 1.600 часови работа, и 12.000 чепкалки од различна големина и квалитет.
Поврзани артикли