Финскиот стартап Varjo има решение за сите моментални проблеми на виртуелната реалност и најави уред кој ќе има резолуција на човечко око, односно 70 пати поголема во однос на Oculus Rift.
По неколку години развој на почетокот на минатата година на пазарот се појавија очила за вирутелна реалност како Oculus Rift и Vive, Gear VR итн. Многу технолошки компании и лидери како Марк Цукерберг најавија дека виртуелната и проширената реалност се иднината на технологијата и за неколку години сите на тој начин ќе ги консумираме онлајн содржините. Но, со тек на време се намали интересот за оваа технологија бидејќи цената на уредите е висока, нема доволно содржини, а ни квалитетот не е совршен.
Финскиот стартап Varjo (што на фински значи сенка) има решение за сите моментални проблеми на виртуелната реалност и најави уред кој ќе има резолуција на човечко око, односно 70 пати поголема во однос на Oculus Rift. Компанијата, која ја основаше еден поранешен вработен во Nokiа, ја патентираше технологијата која го имитира начинот на кој човечкото око природно функционира за да прикаже слика со висока резолуција.
На сличен начин на кој мозокот и очите ги филтрираат содржините кои се надвор од сокусот уредот на Varjo ќе користи технологија за следење на погледот и софтвер кој ќе создаде илузија дека гледаме во екран со висока резолуција, досека содржините надвор од фокусот ќе бидат со помала резолуција.
На прототипот работи тим од професионалци кои се на високи позиции во Nokiа, Intel, Microsoft, Rovi и Nvidiа, а кога нивните очила ќе се најдат на пазарот во текот на идната година нема да бидат наменети за обични корисници и за забава, туку за компании кои за нив ќе можат да платат неколку илјади долари.
ИЗВОР: Zimo.hr