Кога се во прашање mirrorless фотоапаратите, Nikon воглавно не е компанија која прва ни паѓа на ум. Компанијата има долга и солидна репутација на издавање DSLR фотоапарати со висок квалитет, но кога се mirrorless моделите во прашање, Nikon 1 серијата не претставуваше преголем успех.
Меѓутоа, Nikon не сака да се откаже од овој сегмент на пазарот, а во неодамнешно интервју претседателот на компанијата Казуи Ушида изјави дека Nikon работи на нов mirrorless фотоапарат.
Ова не е прв пат да слушнеме дека Nikon работи на нешто ново. Претходно имавме прилика да дознаеме дека компанијата планира објава на full-frame mirrorless фотоапарат, но засега не е познато дали е ова истиот уред што го спомена и Ушида или се работи за нешто друго.
Поврзани артикли