Руската компанија Caviar пласираше на пазарот „златна Nokia 3310, што ќе служи како потсетник за првата средба на Путин и Трамп“ на самитот на Г-20 во Германија, соопштува „Дер Стандард“.
Првите официјални преговори меѓу претседателите на САД и Русија во Хамбург го „возбудија и технолошкиот свет: авторите на мемиња и гифови, како и дизајнерите на специјален мобилен телефон, кој треба да потсетува на специјалниот настан,” продолжува австриското издание.
Како што истакнува „Стандард“, на новиот Nokia 3310 се „овековечени не само профилите на двајцата најмоќни мажи во светот, туку и местото на нивната средба“.
Тие што сакаат да го купат колекционерскиот модел на Nokia 3310 „ќе треба сериозно да го одврзе ќесето“, предупредува изданието. За новиот мобилен телефон, кој наводно „го нагласува подобрувањето на односите помеѓу САД и Русија“, Caviar постави цена од 149 илјади рубли (2164 евра), заклучува „Дер Стандард“, пренесува RT.
Поврзани артикли