Иако владее големо возбудување поради почетокот на ерата на телефони без рамки, револуцијата “all-screen” или “edge-to-edge” не е во полн нек. Во своето истражување, сајтот PhoneArena пронајде само пет популарни телефони што ги карактеризира 80 проценти или поголем screen-to-body однос.
Иако голем број компании ги рекламира своите телефони како bezel-less, многу од нив имаат само тенки рамки од страна, додека горните и долните рамки и натаму се големи и прават вкупниот однос помеѓу екранот и телото на уредот да биде мал.
Листата на пет популарни телефони, со edge-to-edge екран и над 80 проценти screen-to-body однос ги вклучува:
Xiaomi Mi Mix (84%)
Samsung Galaxy S8 (84%)
Samsung Galaxy S8+ (83%)
Essential Phone (85%)
LG G6 (79%
Ни останува да видиме колку ќе се обистина гласините за “all-screen” iPhone 8 и Huawei Mate 10 телефоните, кога овие модели и официјално ќе се појават на пазарот.
Поврзани артикли