Bloomberg направи одлична анализа со која дава одговор на прашањето зошто iPhone никогаш нема да се произведува во САД. Одговорот за многумина е едноставен, тоа е евтината работна сила во Кина како и владините субвенции за големите фабрики. Сепак, причината е многу покомплексна.
Според податоците само 2,2% од цената на производството на iPhone се должи на вложениот труд, сето останато значи склопување на компонентите и испораката. Во Кина постојат два града со мега фабрики Шенжен и Женгжу каде се склопуваат најголемиот дел од бројните електронски уреди.
Главната предност е големата понуда на компоненти од добавувачите на Apple, тука се мисли на компоненти за екранот, камерите, батеријата, внатрешните чипови, мобилната антена, материјалите за куќиштето и слично.
Со ваквата лесна и брза достава на компоненти гига фабрики како Foxconn стигнуваат до многу пониска цена на производство и склопување на еден iPhone што му овозможува на Apple за 65% повисока продажна цена, а со тоа и огромни профити.