Snow Energy е 100% одржлива ламба и полнач за телефон кој можете да го носите секаде со себе, особено на места каде што е навистина студено. Уредот работи со термоелектричен генератор кој генерира енергија кога има температурна разлика меѓу горниот и долниот дел од уредот.

Делот што личи на сијалица служи како шише со вакуум за чување топла вода за да се загрева едниот дел од генераторот. На другата страна се наоѓа спирален дел во кој е сместена батеријата.

Откако ќе се тури топла вода во делот со вакуум и се состават сите делови се што треба да направите за да добиете енергија е да го ставите спиралниот дел во неѓто ладно. Термоелектричниот генератор ќе генерира енергија поради температурната разликја меѓу делот со топла вода и кофата со мраз каде што сте го ставиле другиот дел.