Facebook успешно ја заврши втората фаза од тестирање на дрон кој ќе донесе интернет во зафрлените делови на светот.
Дронот Aquilla кој функционира на соларен погон, успешно се приземји откако леташе час и 46 минути на висина од 914 метри. Целта на компанијата е ваквите дронови да служат за пренос на сигнали на безжичен интернет во најдалечните краишта во светот.
Првиот лет беше спроведен минатата година, но дронот беше уништен при слетување.