Системот за комуникација меѓу возилата, што засега условно се нарекува Vehicle-to-Vehicle (V2V), кои според претставници на германскиот производител, ќе го спаси животот на илјадници луѓе по патиштата, ќе почне да се применува во неговите модели од 2019 година.
Производители како Mercedes-Benz и Cadillac веќе се подготвени со свои технологии, кои им овозможуваат на нивните автомобили да комуницираат на патот – како меѓу себе, така и со инфраструктурата што ги опкружува. Сличен систем, целосно сопствен развој, ќе виоведе и Volkswagen во 2019 година, соопштија од компанијата. Систем за комуникација меѓу возилата, Vehicle-to-Vehicle (V2V), според претставници на германскиот производител, неговото користење ќе спаси животи на илјадници луѓе по патиштата. Во Volkswagen се убедени дека првите елементи од V2V ќе можат да бидат поставени и ќе се користат од сериските автомобили на марката по две години.
Благодарение на технологијата, машините ќе можат да ги разменуваат сите информации, а не само да се предупредуваат за постоење на пречки напред по маршрутата. На пример, ако застанувајки на пешачка патека, возилото „види“ група деца како играат во близина на патот или велосипедист, тој ќе може за ги предупреди останатите автомобили. Тие за возврат ќе имаат можност да ја намалат однапред брзината и така да избегнат појава на опасна ситуацијата. Возилата на Volkswagen ќе се потпираат на WILAN-врска, а ќе можат да се поврзат на оддалеченост од околу 500 метри. Освен V2V тие ќе можат да ги користат и систем Vehicle-to-Infrastructure (V2X, врска со инфраструктурата), која практично е бесконечна. Благодарение на неа автомобилите ќе се поврзуваат со сообраќајните знаци и семафори, што ќе ги предупредува од порано за опасности на патот или за сообраќај, па така ќе може да се избира различна рута на движење.
Поврзани артикли