Шведскиот производител на автомобили Volvo соопшти дека сите нови возила од 2019 година ќе имаат електромотор, со што во целост ќе се заврши производството на автомобили кои поседуваат само мотор со внатрешно согорување. Хакан Самуелсон, извршен директор на компанијата, истакнува дека нивната политика е огледало на желбите на купувачите, и додава дека ќе понудат низа нови модели електрични автомобили, но и хибриди. Volvo наведува дека во периодот од 2019 до 2021 година ќе стартува производство на пет модели на електричен погон.
Инаку, и прогнозите навестуваат постојан раст на продажна на електричните автомобили ширум целиот свет.