Инженери развиле тип на камера на која не и се потребни леќи за да функционира – тие заобленото стакло го замениле со нешто што ја врши истата функција: ултра тенки оптички фазни низи (phased array).
За да ја снимат фотографијата, камерите користат леќи. Кај дигиталните камери, тие се користат за фокусирање на светлината врз дигиталниот сензор. Оптичките фазни низи содржат групи од светлосни приемници кои додаваат една минута доцнење на светлината која стигнува до нив, што овозможува камерата да го промени фокусот и да гледа во разни правци користејќи ништо друго освен електронски „трикови“.
Фазните низи биле предложени и од SpaceX и Google како технологија која треба да овозможи супер-брз интернет, а функционираат така што користат селекција од статични предаватели кои испраќаат еден ист сигнал. Сигналите од соседните предаватели се мешаат едни со други и во некои области тоа го засилува сигналот, а во некои го откажува. Со додавање на мало доцнење кај некои од предавателите, фокусот на засилениот сигнал може да се поместува – електронски наведувајќи го сигналот.
Камерата создадена во новата студија ги користи истите принципи, само во обратна насока.
Таа е направена од силиконски компоненти чувствителни на светлина, интегрирани во силиконски чип. Светлосните бранови се примаат од секој елемент во низата чувствителен на светлина и деструктивно влијаат едни на други во секоја, освен една, насока. Во таа насока, брановите се засилуваат едни со други за да креираат фокусиран “поглед“ кој може електронски да се контролира.
Сегашната верзија е само доказ дека концептот функционира – се состои од 64 светлосни приемници во низа од осум по осум пиксели, а сликите кои ги креира се далеку од квалитетот на денешните смартфони.
Истражувачите се надеваат дека со тек на времето и понатамошната оптимизација на овој концепт, ќе се создаде уред која ќе ја промени целата технологија за изработка на камери.
Според зборовите на изумителите на оваа нова камера, штом се развие, технологијата ќе ги направи леќите и дебелите камери вградени во смартфоните застарени и непотребни.
Поради нејзината дебелина (колку лист хартија), таа ќе може да се користи и во огледала, тапети, ролетни, па дури и материјал кој ќе може да се облекува.
Поврзани артикли