Според најновиот извештај на Wall Street Journal, Samsung им се придружува на компаниите како што се Apple, Amazon, Google и Microsoft, со вклучување во производство на сопствен паметен звучник. Ова е најновиот тренд во IT индустријата, кој почна со објава на Amazon Echo моделот пред неколку години.

WSJ известува дека Samsung на својот паметен звучник, со кодно име Vega, работи веќе со години. Звучникот ќе го има интегриран личниот асистент Bixby на Samsung. Меѓутоа, бидејќи англиската верзија на Bixby е одложена, засега нема временски период кога се очекува звучникот на Samsung.

Информациите говорат дека 36 милиони Американци користат паметен звучник барем еднаш месечно, а овие уреди можат да дадат информации за времето, спортските резултати, цените на берзата, а можат и да пуштаат музика на барање. Тука е и можноста за контрола на паметните апарати.