Компанијата Еуроимпекс организираше „Големата црвена промоција“, на која беа промовирани акумулаторски брусалки, дупчалки и други специфични алати од програмата на Milwaukee.
Во чест на 10-годишнината од појавата на брендот Milwaukee на македонскиот пазар, компанијата Еуроимпекс организираше „Големата црвена промоција“, на која беа промовирани акумулаторски брусалки, дупчалки и други специфични алати од програмата на Milwaukee. Специјалното демо возило е лоцирано во кругот на компанијата Еуроимпекс, на Трета македонска бригада во периодот од 5-7 јули 2017, каде сите корисници и љубители на квалитетен алат ќе имаат можност да се запознаат со големата палета на производи, како и со новите напредни технологии.
Milwaukee Electric Tool Corp. е водечки индустриски производител на рачен електричен и акумулаторски алат и прибор, наменет за тешки услови на работа за професионални корисници ширум светот.
„Од своето основање во 1924 година до денес, Milwaukee е фокусиран на една визија: да се произведуваат најдобрите тешки електрични и акумулаторски алати и прибори достапни на професионалниот корисник. Milwaukee прв започна со сервисирање и поправка на алатките. Така и ние во нашата компанија Еуроимпекс, покрај продажбата на алати имаме и свој сервисен центар за алати и машини“, изјави директорот на секторот алати во Еуроимпекс, Роберт Атанасов.
„Се со цел да можеме да излеземе во пресрет на различните потреби на лицата чии работни задачи се поврзани со физички напор, а секогаш очекуваат алатите кои ќе ги употребат да се карактеризираат со трајност, сигурност и прецизност или со еден збор Milwaukee. Денес, името на Milwaukee се залага за највисок квалитет, издржливи и сигурни професионални алатки. Да се работи со алатките на Milwaukee на одреден начин претставува задоволство и привилегија. Зад името Milwaukee се крие најдобриот квалитет, најдобрата достапност и најдобрата исплатливост за парите што сте ги вложиле“, додаде Атанасов.
Eуроимпекс во своето 27 годишно работно искуство, бележи раст развој и успешно стопанисување во различни области вклучувајќи ги сите брендови кои ги застапува. Работењето на компанијата е фокусирано кон сите брендови подеднакво: Total масла, Valvoline масла, Banner акумулатори, 4 брендови на алати (Bahco, Irimo, Millwaukee и AEG), професионален тјунинг на возила со CSS, Alientech, Ragazzon и Vogtland, Ловиштето Ниџе, Јапонскиот бренд Toyo Tires, а Peugeot брендот покрај Македонија, го застапува и во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.
„Во текот на годините, како компанија развиваме стабилни деловни односи како со производителите, така и со клиентите, креирајќи нераскинливи врски на лојалност. Оваа година Еуроимпекс прославува 10 години како Генерален увозник на македонскиот пазар за брендот Milwaukee – електричен и акумулаторски алат. Имено кога станува збор за алати за професионална и приватна употреба, покрај Milwaukee, Еуроимпекс е генерален застапник и на други 3 веќе познати брендови како што се: Bahco, AEG I Irimo. Овие брендови заедно со брендот Milwaukee ја истакнуваат компанијата Еуроимпекс како број еден во продажба на алатите во Македонија“, изјави Ана Николоска, маркетинг асистент во Еуроимпекс.
Поврзани артикли