Некои луѓе се враќаат од одмор повеќе под стрес, отколку што биле пред поаѓање, бидејќи постојано ги користат дигиталните услуги
Се подготвувате за на одмор или сте на чекор до плажа, но одморањето никако да почне. Мобилниот телефон постојано ви е во рака, ги прегледувате сите непрочитани мејлови, ажурно ги следите известувањата што пристигнуваат од сите страна – се како без грижа, а всушност без мир.
Компанијата специјализирана за компјутерска сигурност McAfee објави истражување за користењето на дигиталните уреди и технологии во кои вклучи 2003 американски учесници на возраст од 18 до 55 година, а кое потврди дека луѓето навистина не знаат да се „исклучат на одмор“.
Додека 43 отсто од туристите патувале во надеж дека наското ќе ја добијат својата дигитална детоксикација, повремено делејќи ги моментите на опуштање, истражувањето покажува дека половина од овие луѓе на крај сфатиле дека не можеле да го избегнат користењето на дигитални уреди на одмор. Освен тоа, дури 54 проценти од анкетираните лица велат дека не би можеле да издржат еден цел ден без своите уреди, додека 52 отсто од луѓето изјавиле дека во текот на одморот поминале барем еден полн час на ден сурфајќи на интернет.
Факт е дека е тешко да се исклучите од онлајн сферата, но зошто воопшто се бклучуваме, со што се „заморуваме и забавуваме“ на интернет додека сме на одмор? Истражувањето откри дека 39 проценти од луѓето прегледувале бизнис и лични мејлови, додека 37 проценти од нив ги проверувале социјалните мрежи. Повеќе од 54 отсто од луѓето испраќале порака барем еднаш дневно, додека 27 проценти од нив ги проверувале своите мејлови во текот на цел ден. Многумина од испитаниците наведуваат дека причината за тоа е работата: 57 проценти изјавиле дека би сакале во целост да се исклучат доколку во прашање не е комуникацијата поврзана со работата.
Како навистина да успеете да се исклучите од се?
Успешното исклучување од вашите најдраги уреди, апликации и технологии е здрав начин во целост да се опуштите и уживате во вашиот одмор – и тоа го заслужувате! Иако тоа може да биде тешко да се направи – не е невозможно. Еве четири совети кои сигурно ќе имаат ефект:
1. Планирање однапред – Планирајте го своето бегство колку што можете однапред, така што е добро темпирано со било какви активности на календарите на вашиот тим, шеф или компанија. Иако не можете да им погодите на сите, а не можете ни секогаш да го искористите своето слободно време кога ќе посакате, луѓето со кои работите сигурно ќе ги ценат вашите добри намери.
2. Подгответе се на целосно исклучување – Направете ги сите подготовки пред да заминете на одмор. Проверете дали сте одговориле на сите важни мејлови, дали сте ги оставиле своите колеги или клиенти со соодветни ресурси, дали сте одговориле на прашањата на вработените или управителот и така сигурно сте ги исполниле своите планови целосно да се исклучите во текот на одморот. Поставете автоматски одговор за следните мејлови во текот на одморот, за вашите колеги, партнери или клиенти да бидат целосно свесни дека не можете да одговрите брзо како и вообичаено.
3. Поставете граници – Можно е вашата работа да бара некои онлајн активности, па поради тоа одредете граници што ќе ви овозможат да се опуштите колку што е можно повеќе. Можете ли да одлучите дека ќе ги проверувате и ќе одговарате на мејловите на секој час, но потполно ќе апстинирате од апликации, прегледување на интернет и социјални медиуми? Можете ли да го оставите својот мобилен уред или фитнес тракер додека одите на плажа? Ако ги оставите дома сите уреди што нема да ви требаат, веќе сте на добар пат.
4. Разгласете го планот – Паузата од сите дигиталии може да предизвика чувство на аксиозност и исклученост. За да го одржите својот дигитален детокс, побарајте помош од луѓето кои патуваат со вас. Замолете го вашиот партнер, децата или пријателите да ве контролираат. Забавувајте се со предизвиците без смартфонот. А ако баш морате да објавите што се случува, користете #latergrams за објава на интересни моменти на крајот на секој ден, или уште подобро, кога ќе се вратите од одмор. Забележете зошто сакате да бидете без дигитални уреди во класичен дневник. Секоја мала активност ќе има многу поголема вредност кога по вашето патување ќе се вратите целосно подмладени и одморни!
Поврзани артикли