Во суштина, се работи за истиот телефон како Note 7, но со некои клучни измени, кои ќе ги спречат проблемите со батеријата
Samsung официјално го објави преправениот Galaxy Note 7 во Јужна Кореја, што сега го носи името Galaxy Note Fan Edition. Во суштина, се работи за истиот телефон/фаблет, но со некои клучни измени, кои ќе ги спречат проблемите со батеријата.
Главната разлика помеѓу стариот и новиот уред е батеријата. Galaxy Note Fan Edition има помала батерија, со капацитет од 3200mAh (наспроти 3500mAh на оригиналниот Note7 модел). Батеријата помина низ истите ригорозни 8-point сигурносни тестови, кои Samsung и спроведе и на батериите за Galaxy S8. Fan Edition стигнува и со софтверот што го имаат S8 и S8 plus, заедно со Bixby асистентот.
Остатокот е од телефонот е идентичен на Galaxy Note 7 моделот. Samsung не бега од фактот дека Fan Edition е всушност создаден од делови и материјали што се користени за Note 7.
Samsung планира во Јужна Кореја да продаде 400.000 примероци од Galaxy Note Fan Edition, додека продажбата на другите пазари ќе биде одлучена подоцна. Galaxy Note Fan Edition има цена од околу 611 долари и од 7. јули ќе биде достапен во Black Onyx, Blue Coral, Gold Platinum и Silver Titanium варијантите.