Основачот на “Space X” и “Tesla”, Елон Маск објави на Твитер дека неговата компанија “Boring Company” само што завршила со ископувањето на првата делница од тунелот под Лос Анџелес, со својата бушилка “Годот”.
Во февруари компанијата на Маск тестирала копање на тунел под паркингот на “Space X”, но за копањето надвор од приватното земјиште потребна им била дозвола од градот. Маск објавил на Твитер дека пред два седмици имал ветувачки преговори со градоначалникот Ерик Гарсети, и дека добивањето на дозвола било потешко од развојот на технологијата за копање на идните тунелски мрежи, но нема официјална потврда дека добил зелено светло за почетокот на копањето.
Споменатата тунелска мрежа не се копа за новиот состав на јавниот превоз. Низ тунелите на “Boring Company” ќе возат автомобили, велосипеди и пешаци на електрични санки, со брзина од 200 километри на час, судејќи според видеото објавено во април. Целта е патувањето од половина час да се скрати на пет минути.
Првата делница на мрежата е предвидена за возење од аеродромот во Лос Анџелес до Кулвер Сити, Санта Моника, Вествуд и Шерман Оукс.