Компјутерскиот гигант Intel потпиша повеќегодишен договор со Интернационалниот Олимписки Комитет (ИОК) кој ќе трае и за време на Олимписките игри 2024-та, да ги имплементира новите технологии на компанијата за подобрување на олимписките настани.
Од Intel се надеваат дека тоа ќе го постигнат со имплементирање на виртуелната реалност, видео од 360 степени, вештачка интелигенција и дронови на игрите.
Партнерството цели кон привлекување на интересот на помладите за да се зголеми севкупната гледаност на Олимписките игри, бидејќи според Томас Бах, претседателот на ИОК, многу од младите луѓе живеат дигитален живот, и игрите мора да навлезат во тој свет и во нивната виртуелна реалност.
Во последно време Intel експериментираат со спортовите како начин на прикажување на нивните нови технологии. Тие имаат потпишано договор со Големата Беjзбол Лига за емитување на настаните во живо и прикажување хајлајт исечоци користејќи ја нивната True VR технологија за виртуелна реалност, а останатата технологија ќе игра интегрална улога во зајакнувањето на спектаклот на игрите – што значи може да се очекува еволуција на она што го видовме за време на настапот на Лејди Гага на полувремето на Super Bowl.
За време на игрите, може да очекуваме невообичаени агли за пренос на акцијата, овозможени со дронови.
Поврзани артикли