На YouTube се појави видео, кое ги прикажува на тест еден против друг OnePlus 5, HTC U11 и Samsung Galaxy S8 – во своевидна борба на брзините на моделите со Snapdragon 835 процесорот.
На овој тест, 20 апликации се покренати на трите споменати телефони, за да се открие кој смартфон најбрзо ги стартува. Втората рунда прикажува колку брзо телефониѕте им пристапуваат на апликациите кои се веќе отворени во текот на првиот тест (RAM менаџментот тука е клучна работа). Треба да се напомене дека OnePlus 5 има 8 GB RAM, додека S8 и U11 имаат двојно помалку.
Да напоменеме само дека OnePlus 5 покажа најдобри резултати во овие тестови, а колку беше пред ривалите можете да погледнете во видеото.
Поврзани артикли