Видео плеерот на YouTube мрежата ќе се прилагодува на исправените – вертикални – видео снимки на нов начин, па тавите видеа ќе можат да се прикажат на целиот екран на уредот, без жонглирање со вртење на телефонот и слично. Секако, ќе исчезне и она црнило од страна – конечно!
Апликацијата YouTube за iOS и Android ќе ја воведе оваа опција во следните недели. Повеќе информации за тоа ќе пронајдете на официјалниот YouTube блог.
Погледнете ја анимацијата на новата опција и кажете ни што мислиме.
Google откри и фантастична статистика за нивниот бесплатен видео сервис на кој месечно се логираат 1,5 милијарда корисници со нивни профили. Предноста на логирањето е што може да ги прегледате сите видео канали кои ги следите, да оставате лајкови или дислајкови и коментари, како и самите да прикачувате видео содржини.
https://www.youtube.com/watch?v=feBF_IY-HI8
Исто така на YouTube сега најголем раст има на паметните телевизори бидејќи корисниците може многу лесно да ја активираат апликацијата и да гледаат видеа на голем екран со HD резолуција покрај нивниот смартфон или таблет.
Логирањето на YouTube стана многу полесно и побрзо со унифицираниот пристап при што со една Google корисничка сметка може да им пристапите на сите G апликации како Gmail, Chrome, Drive и други.
Поврзани артикли