Над 30 Facebook страници од управувани од Македонија се затворени. Станува збор за страници преку кои велешани споделувале лажни вести, јави BuzzFeed.
Причината за затворањето нема врска со лажните вести. Наместо тоа Facebook ги отстрани страниците поради крадење содржина. Голем дел од страниците објавуваат теми од американската политка, но има и такви кои пишуваат за автомобили, коњи и мотори.
За Велес веќе слушнаа насекаде во светот откако оттаму се објавуваа лажни вести за време на американските изборни кампањи, а подоцна преку објавените стории на повеќе домашни и светски медиуми се дозна дека истите биле пишувани претежно од тинејџери.
Еден од нив се пожалил во изјава за Buzzfeed дека е во голема загуба.
„Јас сум во многу неблагодарна ситуација во моментов, откако потрошив огромни средства на Facebook за промоција на натписи и лајкови, а сега немам ништо од тоа“, вели неименуван креатор на лажни вести од Велес.
Друг пак, потрошил 100.000 долари на промоција на Facebook за што добил над 1.5 милиони лајкови, и со тоа смета дека доколку Facebook им дозволува уплати, тие работеле чисто.
Сепак, од Facebook велат, Македонија не е изолиран случај и дека целата акција е со цел да се спречи непотребното спамирање, креаторите на лажни вести и други кои ги прекршуваат термините на социјалната мрежа.
Но ова според неименуван портпарол на Facebook, е исто така и за да се стави до знаење дека никој не ја поседува глобалната социјална мрежа без разлика колку пари планира да потроши или да направи преку неа.
Се претпоставува дека стопирањето на ваквите содржини доаѓа исто така и поради тоа што американските објавувачи на исти содржини лобирале да се преземе ваква мерка бидејќи велешани им ги краделе содржините и заработувале на нивната работа.
Поврзани артикли