Facebook почна да ја тестира новата опција за заштита на профилните фотографии за да ја спречи злоупотребата на лични информации на корисниците.

Зачленувањето на социјалните мрежи не мора да значи откажување од вашата приватност. Покрај многуте опции со кои може да изберете кои ви се пријатели и кој сe може да ги гледа вашите објави и фотографии, Facebook сега работи и на уште еден сегмент на безбедноста.

Профилната фотографија е јавна, што значи дека преку пребарување, другите корисници на Facebook може да ја видат. Компанијата сега ја тестира опцијата да се заштити оваа фотографија од злоупотреба, односно да не може секој да ја земе и да ја користи за други цели.

 

Индија беше избрана како тест-станица бидејќи кражбата на фотографии таму е најраспространета – но Facebook може да одлучи да ги воведе новите промени низ целиот свет доколку тие се покажат како успешни.

„Во нашето истражување со луѓе и безбедносни организации во Индија слушнавме дека некои жени одлучуваат да не споделуваат профилни фотографии на кои им се гледа нивното лице бидејќи тие се загрижени што би можело да се случи со нивните фотографии”, објаснува Арати Соман, еден од менаџерите на Facebook.

Новите мерки вклучуваат забрани за преземање (спуштање) на профилните фотографии или пак споделување на профилни фотографии на Messenger, забрана на можноста да се направи screenshot на Андроид телефоните и поставување на сина граница околу сликата како визуелна пречка.

https://www.facebook.com/fbsafety/videos/1357031717667996/

Според Facebook, додавање на заштитен слој врз фотографијата создава 75 проценти помала веројатност дека фотографијата ќе биде копирана.

Facebook им даде на корисниците во Индија чекор-по-чекор водич за додавање на ваквата заштита врз своите профилни фотографии.

„Ако некој се сомнева дека фотографијата означена со некој од овие дизајни е злоупотребена тие веднаш можат да пријават на Фејсбук и ние ќе го искористиме дизајнот за да помогнеме дали треба да се отстрани од нашата заедница”, изјави Соман.