Lenovo и натаму работи на егзотични концепт уреди. Компанијата прикажа лаптоп концепт во чиј центар се наоѓа флексибилниот дисплеј, што се простира се до тастатурата. Екранот не е поврзан со тастатурата преку шарка, туку се витка како Yoga Mat.
Лаптопот нема тракпад, но на него е можно да се пишува и тоа преку гласовни команди. Засега нема гаранции деkа Lenovo ќе го направи овој лаптоп комерцијален производ, но исто така оваа идеја не би требало да се отфрли во целост.
Компанијата смета на напредните материјали на изработка и новите технологии на екрани за да го овозможи овој лаптоп, што сугерира дека реалната верзија на ваков компјутер е далеку со години. Lenovo можеби нема производни планови за лаптопот, но укажува на тоа дека во подолг период смета на ваков или сличен дизајн на компјутер.
Извор: Engadget