Една од дилемите со која се соочуваат луѓето што секојдневно работат на лаптоп е дали кабелот треба да се исклучи откако батеријата ќе се наполни
Според тестирањето на батеријата на лаптопите, ако уредот е постојано врзан на полнач тоа ќе го намали капацитетот на батеријата за пократко време. Освен тоа, зголемената температура во текот на полнењето може лошо да влијае на електрониката, па препораката е лаптопите да не бидат постојано вклучени во струја.
Едно од решенијата ако планирате подолго да го користите лаптопот е да ја извадите батеријата и едноставно да го користите како десктоп. Меѓутоа кај некои од новите модели тоа не е возможно бидејќи батериите се интегрирани во куќиштето и не е возможно да се извадат. Интересно е дека ни производителите немаат единствен став.
Acer препорачува вадење на батеријата кога лаптопот се користи подолго, а HP вели дека лаптопот може максимум две недели да биде постојано уклучен. Dell постојано негира дека оставањето на лаптопот на полнач е проблематично, a според Apple идеално би било наизменично да се полни и користи лаптопот.
Бидејќи нема јасен одговор од производителите, веројатно најдоброто решение е да се биде умерен, односно да не се остава лаптопот постојано на полнач.
Важно е да се знае дека секоја батерија има ограничен број на полнења и празнења, како и дека високата температура може негативно да влијае на долговечноста на батеријата.
Поврзани артикли