Компанијата објави и фотографија на уредот, која ја открива задната страна на One Plus 5 телефонот и го потврдува системот со две камери
OnePlus својот најнов премиум телефон ќе го претстави на 20. јуни, а компанијата веќе откри некои детали за уредот. Дознавме дека телефонот ќе работи на Qualcomm Snapdragon 835 чипсетот, додека OnePlus на камерата ќе работи во тандем со компанијата DxO.
Компанијата објави и фотографија на уредот, која ја открива задната страна на One Plus 5 телефонот и го потврдува системот со две камери. Новата протечена фотографија се појавува неколку дена пред објавата на телефонот и ни дава увид во предната страна на уредот.
Со фотографиите стигнуваат и некои информации за спецификациите, кои споменуваат 16MP + 20MP камери, дисплеј со големина од 5.5 инчи, како и 6 GB i 8 GB RAM. Останатите извештаи споменуваат батерија од 3300 mAh и цена од околу 480 долари.