По значајното освежување на својот бренд минатата година, Twitter на основа на повратната информација, одлучи овие денови да претстави целосно нов изглед за својот сервис за микроблогинг. Новиот изглед е креиран со идеја Twitter да делува побрзо и поедноставно за користење. Новите измени во бранови ќе се појавуваат на Twitter за веб, iOS и Android, како и Twitter Lite и TwitterDeck сервисите.
Тука сега е присутно и новото навигациско мени од страна, кое го донесува профилот, дополнителните налози, подесувањата и приватноста на едно место. Линковите кон текстовите и сајтовите на iOS во Safari прегледникот можат да се отвораат во рамките на Twitter апликацијата, така што корисниците можат лесно да ги користат профилите на сајтовите на кои веќе се најавени.
Типографијата исто така е поконстантна – насловите се болдирани, што овозможува полесно следење на содржините; заоблените фотографии ќе го направат почист вкупниот изглед; сите твитови веднаш ќе се ажурираат со reply, retweet и like бројачи. Наведените промени во следните неколку дена би требало да стигнат на сите платформи на кои е достапен Twitter.
Поврзани артикли