Пред неколку дена Samsung претстави три нови Galaxy J телефони, а јужнокорејската компанија сега ни донесува два нови модела – Galaxy J7 Pro и Galaxy J7 Max. Телефоните ги карактеризира сличен метален, едноделен дизајн, како и слични спецификации. Со телефоните стигнува и Samsung Pay Mini системот на плаќање, како и апликацијата Social camera за интеракција со апликациите – социјални мрежи.
Samsung Galaxy J7 Pro има 5.5-инчен (1920 x 1080 пиксели) Super AMOLED дисплеј, 1.6GHz Exynos 7870 процесор со Mali T830 GPU, 3 GB RAM, 64 GB интерна меморија, дуал SIM поддршка, Android 7.0 (Nougat), 13 MP камери на задната и предната страна, сензор за отисоци и 3600 mAh батерија.
Samsung Galaxy J7 Max има 5.7-инчен (1920 x 1080 пиксели) TFT IPS екран, 1.6GHz MediaTek Helio P20 (MT6757V) 64-битен процесор со ARM Mali T880 GPU, 4 GB RAM, 32 GB интерна меморија, дуал SIM поддршка, Android 7.0 (Nougat), 13 MP камери на задната и предната страна, сензор за отисоци и 3300 mAh батерија.
Galaxy J7 Pro ќе се најде во продажба од 20. јуни, по цена од околу 280 долари, додека Galaxy J7 Max пристигнува во текот на јули по цена од околу 330 долари.